Во Штип се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
Во Националната установа Универзитетска библиотека (НУУБ) „Гоце Делчев“ денеска Општина Штип и двете детски градинки го одбележаа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Советникот за образование во Општина Штип, Марија Џонова-Попова рече дека со вклучување на децата од предшколска возраст во креативната работилница сакаат да пренесат порака за негување и зачувавање на мајчиниот јазик.
- Во Библиотеката денеска со дечињата имавме креативна работилница. Децата разговараа со писател им беше прочитана приказна и песничка од книгите на Трајче Кацаров, потоа гледаа приказни на македонски јазик, вели Џонова-Попова.
Педагогот во детската градинка „Вера Циривири-Трена“-Штип, Виолета Јакимовска вели дека воспитувачите но и сите вработени се трудат да го говорат стандарниот македонски јазик, а неговото учење се одвива преку најразлични форми на разговори, потоа преку истражување, дијалог, комуникација со родителите.
- Сакам да потенцирам дека родителите, семејството е првата база, од каде што треба да започнеме и да го продолжиме почитувањето на употребата на мајчиниот јазик. Значи родителите треба правилно да им зборуваат на децата, вели Јакимовска.
Штипската Библиотека во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска и утре има низа на активности во кои се вклучени децата, а утре ќе биде промовиран поетот роднокраец Љупчо Стојменски.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта