Македонија
20. July 2016 - 13:54

Во Штип пронајден мртов маж

А.М. (53) од Штип вчера попладне е пронајден мртов на улицата „Скоевска“. Трупот, како што соопшти полицијата, бил во распаѓање.

Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Штип и лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.