Во Штип почна реконструкцијата на Центарот за социјални работи

Почна реконструкцијата на Центарот за социјални работи во Штип. По тој повод денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов присуствуваше на почетокот на градежните работи. Тој истакна дека објектот на штипскиот Центар за социјлни работи е изграден во далечната 1949 година и дека несомнено е потребна реконструкција.
- Средства обезбедивме преку Светска банка и веќе денеска започнуваме со градежните активности и очекуваме до почетокот на септември овој објект да добие сосема нов, друг модерен изглед. со нова опрема, значително подобар изглед и подобра функција. Сосема нови, модерни и квалитетни простории во кои што граѓаните ќе можат да ги остваруваат своите права и услуги. Меѓутоа, и вработените да имаат значително поквалитетни услови за работа, рече Спасов.
Реконструкцијата на штипскиот Центар за социјални работи е дел од втората фаза на Министерството за труд и социјална политика, а во постпка се уште неколку објекти низ земјва. Во Прилеп, Битола и Охрид градежните работи се во, како што вели Спасов, во некоја средна фаза од реконструкцијата, а би завршиле во септември.
- Градежните работи се завршени во Крушево и Демир Хисар, а денеска почнуваат градежните работи за реновирање и во Гевгелија, За оовој објект во Штип издвоени се седум милиони денари за сосема негова реконструкција, сосема нова енергетска фасада, нов систем за греење, видео надзор, рече Спасов.
Министерот за труд и социјална политика најави дека наскоро ќе почне и третата фаза за реконструкција на објектите на Центрите за социјални работи во земјава, а во кои ќе бидат опфатени вкупно 18 центри, а средствата се обезбеди преку ИПА програмата.
Спасов вели дека во завршна фаза е и Центарот за деца со аутизам во Штип, а наскоро ќе почне и реконструкцијата на 12 Центри за вработување во државата, меѓу кои и штипскиот Центар за вработување.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
