Во Штип отворена првата универзитетска телевизија во земјава

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип во присуство на заменик министерот за образование, Спиро Ристовски и на ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев денеска свечено беше отворена првата универзитетска телевизија во земјава „УГД-Телевизија“. Ристовски истакна дека отворањето на УГД-Телевизија е за потребите на студентите од сите факултети на штипскиот универзитет.
- Телевизијата ќе емитува исклучиво едукативни, научно-истражувачки содржини, со цел информирање на сите студенти, не само во градот, туку секаде каде УГД има свои дисперзирани студии. Станува збор за најквалитетно опремено ТВ студио, во кое што ќе работат професионалци, а на мое лично задоволство, како што и претходно разговараме дел од оваа студио ќе биде користено и за практична настава за студентите од одделот за Новинарство и секако за студентите од Академијата за филмска уметност, вели Ристовски.
Тој апелира и останатите високообразовни институции во земјава да го следат развојот и инвестирање во целокупната инфраструктура, како што го прави штипскиот универзитет за своите студенти.
Ректорот, Боев рече дека од денеска официјално на УГД Телевизија ќе се емитуваат содржините, емисиите кои се подготвуваат за студентите од сите факултети на штипскиот универзитет.
- УГД Телевизија ќе понуди информации за студентите, а ќе имаме и подобра презентација на наставниот кадар во делот на она што го истражуваат во едукацијата и во науката. Значи оава телевизија е еден значаен исчекор да бидеме транспарентни до крајни граници во тоа што го работиме и не само за студентите во Штип, како што кажа заменик министерот него и за сите студенти кои се наоѓаат во дисперзираните центри, рече Боев.
За потребите на УГД телевизијата целосно е опремено новото студио на Кампус 2, кое ќе биде поли функционално, а идејата е да се зголеми транспарентноста и да се осовремени студирањето, со крајна цел, креирање на квалитетен кадар на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот
-

Бугарската влада на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
