Во Штип оштетени билборди на ВМРО ДПМНЕ
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ–Штип на денешната прес-конференција остро го осуди оштетувањето на билбордите и пишување на предизборни графити на Градскиот стадион. Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Трајче Димков рече дека ова утро градот се разбудил со вандалски чин.
- Два билборда на ВМРО-ДПМНЕ се оштетени, а Градскиот стадион е исшаран со политички графити. Иако добија место за лепење на изборни плакати, сепак тие одлучија да го нагрдуваат градот шарајќи онаму, каде што ќе им текне. Ваква политичка неколтура не е видена со години. При тоа важно е да се напомене дека ова не е прв случај, бидејќи слични инциденти се регистрирани и во други градови низ Македонија, па станува јасно дека станува збор за организирана акција на опозицијата со која се оцрнува целата изборна кампања, рече Димков.
Тој апелираше до СВР-Штип да ги најдат сторителите на овој вандалски чин, но како што рече се сомневаат дека ќе се најдат, бидејќи за опозицијата било најважно да се сменат челните луѓе на полицијата, отколку да обезбедат фер и демократски избори.
Ново на Сител
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба
-
Мицкоски: Најголема инвестициска офанзива во општините, се гради низ цела држава
-
Мицкоски задоволен од постигнатиот консензус меѓу Македонија и Бугарија за пругата од Коридорот 8
-
Активни се 4 шумски пожари низ земјава