Во Штип Меѓународна научна конференција посветена на „Климентовото дело“
Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Филолошкиот факултет со Меѓународан научна конференција посветена на „Климентовото дело“ се вклучија во одбележувањето на јубилејот 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
Деканот на Филиошкиот факултет, Драгана Кузмановска истакна дека на научната конференција ќе можат да се слушната предавањата и научните трудови на академската фела од Германија, Холандија и Србија, што го сака македонскиот јазик.
- Ја собравме стручната фела од оваа област за да го продолжиме факелот на просветителството кој големиот Климент Охридски го запали уште во 886 година, кога ја отвори Охридската книжевна школа, односно првиот Словенски универзитет. Ние како најмлад универзитет сме горди што можеме овој ден да го посветиме на великанот Свети Климент Охридски, изјави Кузмановска.
Меѓу учесниците на конференцијата е и Волфганг О Шлис, македонист од Германија, кој во изминатите неколку децении е голем промотор на македонскиот јазик во неговата земја.
- Ќе имам предавање за германскиот бискуп Вихенг, пријател, поддржувач на Климент, Методија и другите. Германците гледаат сосема позитивно и се заинтересирани за македонскиот јазик. Веќе три години германскиот славист Раутман пишува дека македонскиот јазик е мајчиниот јазик на солунските браќа, значи најстариот словенски јазик, и тоа е всушност линијата по која ние во Германија се занимаваме со Македонија, македонската литература, писмото и јазикот, рече О Шлис.
Во следењето на делата и дејноста на Свети Климент активно е вклучен и Институтот за македонска литература, чиј директор Маја Јакимовска-Тошиќ истакна дека дејноста на Свети Климент секогаш претставува една огромна инспирација за научната фела.
- Фактот дека 1.110 години не престанува интересот за неговото творештво и кон она што претставува климентовска и кирилометодиевска традиција во светски рамки, доволно говори за годинашната голема прослава на овој јубилеј, особено што денеска и овде, на УГД, се одбележува со еден ваков научен симпозиум, на кој соработниците, колегите и истражувачите на средновековната литература ќе проговорат за некои познати, но и нови аспекти за животот и делото на свети Климент Охридски, истакна Јакимовска-Тошиќ.
Меѓународната научна конференција насловена „Климентовото дело“ се одржува денеска и утре, а ќе бидат презентирани научни трудови од универзитетските професори од земјава, но и од Германија, Холандија и Србија.
Ново на Сител
-
Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија
-
Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот
-
Арсенал бара напаѓач: Осимен е опција за „топџиите“
-
Алонсо со коментар за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид
-
Симеоне: Нашата цел е финалето во Лигата на шампионите
-
Пипен: Освоив шест титули, поуспешен сум од Леброн
-
Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг
-
ЕК спроведува 10 истраги против социјални мрежи поради сомневање за кршење на европското право