Во Штип интензивно се гради паркот „Макфест“
Во завршна фаза е изградбата на паркот „Макфест“, кој се наоѓа во непосредна близина на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, каде што годинава на 5,6 и 7 октомври ќе се одржи 32 то издание на Фестивалот на забавна музика „Макфест“.
Директорката на Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Драгица Здравева денеска информираше дека ангажираната градежна компанија интензивно го гради паркот, а средствата 6.500.000 денари се обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, односно преку Бирото за рамномерен регионален развој.
- Интензивно се работи на проектот. Очекуваме некаде до крајот на март, почетокот на април целосно да биде завршен овој проект и ќе ни биде предаден во употреба. Во овој проект партнер ни е Општина Штип, која учествува во кофинансирање на проектот. Средствата од Минситерството за локална самоуправа, односно од Бирото за регионален развој се веќе на сметката на центарот, првата времена ситуација е целосно исплатена и очекуваме, кога компанијата ќе го заврши објектот да ја извршиме целата исплата, вели Здравева.
Во паркот „Макфест“ има фонтана и плато, амфитеатрално поставени скали, нови патеки, но и мостови и канделабри со звучници, на кои секој ден од 18 до 20 часот ќе се емитуваат нумери кои се изведувани во текот на изминатите 31 издание на фестивалот „Макфест“.
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола