Во Штип гласаат болните, изнемоштените лица и осудениците

Во Штип денеска во своите домови гласаат болните и изнемоштени лица за вториот круг на локалните избори. Според претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева своето право на глас го остваруваат 138 болни и изнемоштени лица, или за разлика од првиот круг бројката е зголемена за 50 лица.
Претседателот на избирачкиот одбор на избирачкото место во Затвор –Штип, Трајко Јолев вели дека денеска право на глас имаат вкупно 111 осуденици, а гласачкото место е отворено во седум часот. Во затворите во земјава право на глас имаат само оние осуденици на кои адресите на живеење во личните документи им се во 35-те општини, каде што се спроведува вториот круг на локалните избори.
- Гласачкото место е отворено во седум часот. Право на глас имаат 111 лица, а досега имаат гласно околу 40 проценти од лицата кои имаат право на глас. Проблеми немаме, се е во ред, а не посетија и од ОБСЕ, вели Јолев.
Во Штип утре право на глас имаат 42.083 граѓани, а ќе се гласа на вкупно 80 избирачки места. Во источна Македонија во недела ќе гласаат вкупно 90.727 граѓани на 223 избирачки места, а втор круг на Локалните избори има во општините Штип, Пробиштип, Карбинци, Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и Македонска Каменица.
Ново на Сител
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
