Во шпанскиот Парламент се расправа за нова Влада, се закануваат предвремени избори

Во Парламентот на Шпанија почна дебата за формирање нова влада и ако Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) на Санчез не добие поддршка од 176 од вкупно 350 пратеници, ќе се одржи нов круг во кој ќе може да биде избрана и со помалку гласови, ако некои партии бидат воздржани.
По изборите на 28 април, на кои ПСОЕ освои 123 места, се уште траат преговорите со левичарската партија Унидас Подемос за формирање на левичарска коалиција која би имала вкупно 165 пратеници. Во тој случај, тие ќе сметаат на поддршка или воздржаност од помалите регионални партии, особено на каталонските партии кои се залагаат за независност од Шпанија.
Но, ни после пет состаноци на двајцата партиски лидери, Санчез и Пабло Иглесијас, не е постигнат договор за коалиција. Министерските позиции и функции во потенцијалната влада ги заладија односите меѓу двајцата лидери. Санчез не сака Иглесијас да биде заменик премиер или министер, по што Подемос Унидас понудил и други истакнати членови на партијата. Иако во петокот потпретседателката на Владата и членка на ПСОЕ Кармен Калво рече дека очекува договор за влада, Санчез вчера во Парламентот влезе без поддршка од Унидас Подемос.
Засега не се очекува ПСОЕ на Санчез денеска да добие поддршка од 176 пратеници. Меѓутоа, ако во вториот круг во четврток го поддржи Унидас Подемос и ако се воздржат од гласање регионалните партии од Каталонија и Баскија, тој ќе има доволно поддршка за да состави влада.
Ако пропадне и тој обид, Шпанците најверојатно во ноември ќе гласаат на нови избори.
Ново на Сител
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
-

Во Албанија полициски дронови ќе регистрираат сообраќајни прекршоци
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
-

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро
