Во Шпанија запленети 5,6 тони кокаин
Шпанската полиција денеска соопшти дека во пристаништето Валенсија запленила 5,6 тони кокаин во вредност од над 340 милиони евра, што е рекордна количина на запленети опијати во последните четири години.
Полицијата открила кокаин во бродски контејнер кој бил испратен од Јужна Америка до пристаниште во Медитеранот, едно од најголемите во Европа, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Портпаролот на полицијата рече дека засега нема уапсени и дека истрагата се уште е во тек, но не сподели информации за времето на операцијата ниту од која земја дошол контејнерот.
Објавата за заплената уследи два дена откако Европол објави информации за разбивање на „супер картел“ кој контролира околу една третина од трговијата со кокаин во Европа, од страна на властите на шест земји, меѓу кои и Шпанија. Шпанската цивилна гарда соопшти дека во рамките на оваа заедничка операција во Шпанија биле уапсени 13 лица. Картелот пренесувал кокаин од Панама во Шпанија преку медитеранските пристаништа Алгесирас, Барселона и Валенсија.
Ново на Сител
-
Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 7.200, повеќе од 35.000 луѓе се повредени
-
На демонстрациите против пензиските реформи во Франција учествуваа 757.000 луѓе
-
Десетгодишно девојче спасено од под урнатини 39 часа по земјотресот во јужна Турција
-
Приведени четири лица за вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград
-
Еквадор: На изборите за градоначалник победи кандидат убиен ден пред гласањето
-
Германија ќе испорача 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина
-
Владата ја одржа 127-та седница
-
Поранешен лондонски полицаец осуден на доживотен затвор за десетици силувања