-->
-->
Во Шпанија уапсени лица кои поттикнувале терористички напади врз Франција
-->
Шпанската полиција, со поддршка на Европол, уапси три лица во Гранада под сомнение за поттикнување терористички напади врз Франција, соопшти Европол.Откако минатиот септември француското списание Шарли Ебдо објави карикатури на пророкот Мухамед, уапсените објавија бројни видеа на своите профили на социјалните мрежи во кои се закануваат дека ќе извршат насилни акции против Франција и нејзините граѓани со цел да се одмаздат, наведуваат од Европол.
Шпанската полиција успеа да ги идентификува лицата кои стојат зад тие профили на социјалните мрежи, кои имаат вкупно 19.000 следбеници, и во моментов ги анализира доказите собрани при апсењата и претресите во домовите за да се утврдат потенцијалните врски со повеќе тековни истраги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
