Свет
17. September 2019 - 13:48

Во Шпанија разбиена криминална мрежа, уапсени 29 лица

Шпанската и француската полиција, со поддршка на Европол, разбија голема криминална група вмешана во криумчарење мигранти, трговија со луѓе и шверц со дрога. Во акцијата приведени се 29 лица.

Организираната криминална група целела малолетници без придружба во прифатните центри во Шпанија. Тие ги поттикнувале малолетниците да побегнат од центарот и да заминат во опасни патувања кон Западна Европа, соопшти Европол.

Криминалната група користела регрутери од различни земји за поттикнување на мигрантите од своите национални групи (Алжир, Мароко, Сирија и Мали).

Криминалната група, исто така, користела автобуси за криумчарење хашиш, тутун и заловени животни, сокриени во посебни отвори за шверцување во возилата.

Операцијата резултираше со апсење на 26 осомничени во Шпанија и тројца во Франција, 14 претреси на домови, запленети 33 илјади евра, повеќе од 200 килограми дрога, како и разни документи и компјутерска опрема.