Во Шпанија нови 3.800 заразени, вкупно над 25 илјади

Шпанските власти соопштија денеска дека за едно деноноќие има нови 3800 заразени со новиот коронавирус. Вкупниот број на инфицирани се искачи на 25.374 лица. Од Ковид-19 досега во Шпанија починаа 1378 лица.
Најголемите весници „Ел Паис“ и „Ел Мундо“, на своите насловни страни, предупредуваат дека одделите за интензивна нега се соочуваат со колапс, а Министерството за здравство сè уште не е во состојба да гарантира заштитна опрема. Здравствените работници со денови предупредуваат дека ситуацијата е неодржлива. Тие сè повеќе се изложени на нови заразни пациенти кои доаѓаат во болниците.
Од Владата велат дека врвот (пикот) на бројот на пациенти треба да дојде за неколку дена, по што инфекцијата треба да се стабилизира, а потоа да започне да опаѓа. Но, никој не може да каже уште колку дена 47 милиони луѓе треба да останат затворени во станови и куќи. Ним им е дозволено да одат на работа, по намирници, во аптеки, болници, киосци, банки, бензински пумпи и да го шетаат кучето. Другите објекти се затворени веќе седум дена.
Ново на Сител
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
