Балкан
12. February 2024 - 15:36

Во Северна Митровица протест поради укинување на динарот во Косово

Србите во Северна Митровица протестираат поради одлуката на косовските власти за укинување на српскиот динар и воведување на еврото како единствена валута во Косово.

Протестот се одржува во близина на главниот мост на реката Ибар, а демонстрантите се од сите општини во кои живее српска заедница.

На мостот на Ибар се присутни припадници на косовската полиција и припадници на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР.

Од 1 февруари во Косово стапи во сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се исклучува српскиот динар за плаќање.