Во Северна Кореја се одбележува роденденот на основачот на земјата
Во Северна Кореја денеска се прославува 107-от роденден на поранешниот лидер Ким Ил Сунг со повици до граѓаните да бидат лојални на неговиот внук и актуелен лидер Ким Џонг ун.
Денешниот ден се смета за еден од најголемите национални празници во Северна Кореја, а оваа година земјата организираше повеќе настани со цел Ким да се зацврсти на власт.
Државната телевизија ја почна програмата порано од вообичаено емитувајќи програми со кои се нагласуваат достигнувањата на покојниот основач и легитимноста на сегашната власт на Ким Џонг-ун.
И други државни медиуми објавија серија пораки кои по повод роденденот ги испратиле странски организации во кои покојниот лидер се слави како светски лидер.
Претходно овој ден се одбележуваше со воена парада, но оваа година Пјонгјанг се воздржа од организација на толку провокативни собири.
Ново на Сител
-
Марк Гиу најдобар стрелец во Конференциската лига
-
Гвардиола го сака Меси во Манчестер Сити
-
Леброн лидер во НБА по најмногу минути игра
-
Кејн утре би можел да се врати во составот на Баерн
-
Лазаров одбра 20 ракометари за Светското првенство
-
Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар