Свет
27. February 2020 - 21:52

Во Северна Ирска е забележан првиот случај на коронавирус

Во Северна Ирска денеска е потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус, уште познати и како КОВИД -19.

Станува збор за пациент кој допатувал од Италија преку Даблин, изјави регионалниот службеник за здравство Мајкл Мекбрајд.

Во Обединетото Кралство претходно беа регистрирани 15 случаи на заразени со вирусот.