Македонија
12. October 2024 - 15:37

Во село Спанчево пронајдена граната од Прва светска војна

Жител на село Спанчево пронашол граната од Прва светска војна.

- На 10.10.2024 во 13.59 часот во СВР Штип, Б.С.(31) од с.Спанчево пријавил дека при вршење ископ на плац во село Спанчево пронашол граната која потекнувала од Прва светска војна, соопшти МВР.

Гранатата била подигната од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување.