-->
-->
Во селата Будинарци, Русиново и Митрашинци ќе се гради колекторски систем
-->
Општина Берово го склучи договорот за изработка на техничка документација за изградба на колекторски ситем по течението на река Брегалница, кој ќе ги опфати селата Будинарци, Русиново и Митрашинци.
Според информациите на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, проектот предвидува изработка на инвестиционо техничка документација со основен проект за пречистителна станица за фекална отпадна вода за населено место Мирашинци, со реципиент река Брегалница .
-За село Будинарци е предвидено изработка на инвестиционо-техничка документација за канализациска мрежа за заштита на животната средина од урбаните отпадни фекални води кои се генерираат како производ на човечкото живеење. Проектот ќе понуди решение на проблемот со одведување на отпадни води кои се производ на домаќинствата и објектите во населеното место, вели Пекевски
Додава дека како приоритет во село Русиново се наметнува потребата од изрботка на техничка документација за систем од населено место Русиново до колекторот, кој води локација на пречистителната станица за отпадни води, со кој ќе се овозможи целосно и концентрирано одведување и испуштање на отпадните води од населеното место со претходно прочистување.
Проектот вклучува изведба на сите потребни теренски геодетски и геомеханички истражувања, анализа на постоечка документација, изработка на основен проект во согласност со националната регулатива, стандарди и правилници, изработка на елаборат и препораки за пристапување кон изведба.
Средствата за изработка на техничката документација се доделени со одлука на Влада на РМ, согласно која е склучен договор помеѓу Општина Берово и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, додека средствата за ревизија се обезбедени од буџетот на општина Берово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста

