Во Саранда сè уште непознат сторител поставил експлозив и срамнил со земја хотел
Експлозијата на тритол предизвика „земјотрес“ во јужниот албански приморски град Саранда, од која целосно е уништен хотел а оштетени се и најмалку 20 други деловни објекти.
-Саранда денеска се разбуди од звукот на силна експлозија во хотел, која предизвика паника кај граѓаните, додека експлозивот целосно го уништи трикатниот објектот. Пет килограми тритол бил поставен на влезот од хотелот, сопственост на Спиро Чабири, кој се наоѓа на градскиот булевар, додека од експлозијата се оштетени и околните згради. За среќа нема информации за повредени, јавија албанските медиуми.
Според полицијата сопственикот на хотелот „Визант“ кој работел само во летната сезона, додека сега бил затворен, имал недоразбирања со поранешниот косопственик, со кого биле во судски процес, како околу хотелот „Визант“ така и за пицеријата сместена на првиот кат.
-Од 2002 година двајцата косопственици Спиро Чабири и Димитар Еванѓелиу се во судски процес за сопственоста на овој хотел. Не е познато дали експлозијата, што се случи во 5;52 часот е поврзана со овие конфликти, но службите целосно се ангажирани во утврдување на мотивите и откривање на сторителот, стои во полициското соопштение.
Медиумите наведуваат дека експлозијата се слушнала во целиот град, а жителите тврдат дека предизвикала потреси слични на земјотрес.
Ново на Сител
-

Левит: Операцијата против Иран ќе ги намали цените на нафтата и гасот
-

Зеленски: Русија сака да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од санкциите
-

Министрите за енергетика на Г7 ја одложија одлуката за ослободување на стратешките резерви
-

Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
-

ОН: Руската депортација на украински деца е злосторство против човештвото
-

МСПДМ: Итна седница на Националното координативно тело - ќе се формира работна група за измени и дополнувања на неколку закони
-

Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување канабис
-

Тешка сообраќајка на влезот во Скопје: Камион урна семафор, паднал врз моторџија | ФОТО
