Во САД уапсени повеќе од 200 припадници на опасна криминална банда

Околу 200 лица за кои се претпоставува дека се членови на салвадорската банда МС-13 се уапсени во голема полициска акција во САД, соопштија американските власти.
Повеќе од половина од 214-те уапсени се товарат за кршење на имиграцискиот закон, а 93 за убиство, разбојништво и криумчарење дрога.
Поголем број од осомничените се од Салвадор, Хондурас, Мексико и Гватемала.
Акцијата предводена од Службата за имиграција (ICE), која траеше еден месец, е спроведена во соработка со салвадорската полиција, која во септември уапси 53 лица под сомнение дека се членови на МС-13.
Салвадорската банда МС-13, чие целосно име е Мара Салватручас, има повеќе од 10.000 членови и е една од најнасилните во земјата. Формирана е во 80-те години со цел заштита на салвадорските доселеници од ривалските банди во Лос Анџелес, а подоцна прерасна во прекугранична криминална организација.
- Со повеќе од 10.000 членови во 40 земји, МС-13 е една од најопасните криминални организации во САД, наведува во соопштение американскиот министер за правда Џеф Сешнс.
Претседателот Доналд Трамп вети дека ќе се пресмета со криминалните банди, посебно со МС-13, а борбата против криминалот ја оправдува со изградбата на ѕид на границата со Мексико.
Трамп во јули го посети Брентвуд, град во близина на Њујорк, каде што во септември 2016 година две девојки беа претепани на улица со безбол палки. Нивните тела беа пронајдени неколку месеци подоцна.
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
