Во САД трет ден рекорден број на новозаболени лица со Ковид-19
Во САД во изминатите 24 часа уште 69.000 лица се инфицирале со новиот коронавирус, што е трет ден по ред како се регистрирани рекорден број на новозаболени луѓе.
Во девет американски сојузни држави – Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Лујзијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин пријавени се рекорден број на заразени лица во еден ден.
– Во САД во изминатите седум дена починаа над 4.200 луѓе од последици од новиот коронавирус, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може да продолжи да се влошува од ден во ден, објави „Вашингтон пост“.
Досега во САД инфицирани се над 3,1 милиони луѓе, а болниците во сојузните држави, кои се жаришта на заразата, се пренатрупани.
Расте бројот на заразени лица со Ковид-19 во последните две недели во 44 американски сојузни држави.
Ново на Сител
-
Лавров: Ако во ЕУ се воведат ковид пасоши тоа ќе биде спротивно од доброволната вакцинација
-
Во Египет извршени 11 егзекуции на осудени за убиство
-
Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто
-
Обвинети шест лица за прикажување фалсификувани ПЦР тестови
-
ЕК: Тоа што некоја вакцина не е одобрена во ЕУ не значи дека не е ефикасна
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 425 пациенти, слободни кревети има
-
Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 49 пациенти, вкупно се лекуваат 297
-
Брисел нема против иницијативата на Австрија за вакцините