Македонија
17. јуни 2019 - 16:22

Во сабота ќе се знаат новите министри, заменици и директори?

Пратениците најрано в сабота треба да ги очекуваат новите предлози за министри и заменици во кабиентот на премирот Зоран Заев откако тој синоќа по Централниот одбор на СДСМ најави владина реконструкција со смена на најмногу осум позиции. Смената на 20-тина директори на јавни претпријатија пак, според партиски извори, ќе оди побавно, во текот на целото летото.

Имињата на функцинерите кои ќе бидат опфатени со т.н. метла засега се тајна. Нив, според упатените ги знаел, само Заев и коалицискиот партнер Али Ахмети.Се очекува, велат извори од Извршниот одбор на СДСМ, Заев деновиве да ги исконтактира оние кои ќе бидат сменети и оние на кои смета во иднина, а потоа кадровските решенија да бидат потврдени и од партиските тела. Сличен процес се очекува и во ДУИ.

Во јавноста веќе подолго време се зборува за смена на министерот за финасии Драган Тевдовски, потоа на министерката за правда Рената Дескоска, на минстерот за транспорт и врски Горан Сугаревски, но тие се уште велат дека одлуката ја знае само Заев.

Дека сигурно ќе замине од позицијата минситер веќе е највен Љупчо Николовски од ресорот земјоделие. Од ДУИ пак, се зборува за смена на вицепремиерот Бујар Османи и за животна средина Садула Дураку. Можни сме смени и кај министри од помалите коалициски партнери. Испразнето е и местото на министерот за култура Асаф Адеми.

СДСМ вчера имаше Централен одбор за доекипирање на партиското раководство по смените кои беа направени претходно.

За опозциската ВМРО-ДПМНЕ метлата на Заев всушност бил само потег со кој тој ја зајакнува својата позиција и ги елиминира своите партиски конкуренти.

-  После овој театар којшто го подготви и каде што ги остави само неговите лојални војници во рамките на органите на партијата, јасно е дека се подготвува и му следи пораз на наредните избори. Ќе биде поразен на наредните избори кога и да се случат. Сите овие луѓе коишто ги набројав се истите кои и претходно го водеа СДСМ и сите овие луѓе се заслужни за крахот на Република Македонија и одложувањето на датумот за преговори коишто сепак не знаеме кога ќе го добиеме. При ваква реконструкција во партијата, веќе е јасно каква ќе биде реконструкцијата во Владата. Од лошо – полошо, изјаво Димче Арсовски.

СДСМ синоќа одлучи и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Опозицијата тоа го толкува како страв на владејчката партија да се соочи со избирачите.