Во руските училишта ќе се изучува историјата на автоматот „Калашников“

Руското Министерство за образование издаде методолошки препораки до училиштата низ целата земја да воведат предавања за автоматската пушка „Калашников“, како извор на национална гордост, што би ги инспирирало децата подоцна да стапат во служба на руската армија.
Предавањата ќе вклучуваат „духовно и морално образование“ за употреба на тоа оружје за заштита на татковината, се наведува во соопштението на Министерството.
Иницијативата се совпаѓа со 100-годишнината од раѓањето на создавачот на легендарниот автомат Михаил Калашников на 10 ноември. Автоматската пушка, која тој ја создал во 40-те години од минатиот век, е едно од најчесто користените оружја во светот.
Руското Министерство за образование потенцира дека секоја година речиси 250.000 луѓе низ светот гинат од куршумите на ова оружје, што е повеќе од бројот на жртвите во артилериски напад, бомбардирања и ракетни напади.
Еден од лидерите на руската опозиција, Дмитриј Гудков ја критикуваше иницијативата, додавајќи дека духовноста не може да се меша со убиства.
– Она што Министерството го смета за „наш идентитет и духовност“, е да убиваме колку е можно повеќе луѓе, истакна Гудков.
Ново на Сител
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
-

Државната ревизија утврди повеќе неправилности во Aгенцијата за вработување
-

„Фостер” од 1 август само со партиципација од 280 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
