Свет
15. November 2016 - 10:35

Во Русија уапсени пет лица поврзани со ИД кои планирале терористички напади

Руската разузнавачка служба ФСБ соопшти денеска дека уапсила пет луѓе за кои тврди дека се поврзани со ИД и кои планирале терористички напади во Москва и на Кавказ.

ФСБ наведува дека во становите на лицата пронашле пет парчиња огнено оружје, две импровизирани експлозивни направи и муниција.

Не е прецизирано дали осомничените се уапсени во Москва или во севернокавкаскиот регион Ингушетија каде според ФСБ, планирале напади