Во Русија пронајден нацистички ковчег: Внатре черепи од непознати суштества

Во Адигеја, република во јужниот дел од Русија, во текот на археолошките ископувања е пронајден ковчег со амблем на Третиот Рајх.
Покрај ковчегот се наоѓале остатоци од непознати битија, пишуваат руските медиуми.
Остатоците во пештерата ги пронајде тимот на научникот Владимир Меликов уште пред две години, но откритието стана интересно кога се утврди дека на ковчегот стои знакот на Аненерба.
Станува збор за нацистичкиот институт кој го основаше Хајнрих Химлер 1935 година за да пронајде доказ дека ариевската раса некогаш владеела со целиот свет.
Институтот набрзо почна да се занимава со истражување на паранормалното и околтното, па теоретичарите на заверата набрзо заклучија дека черепите се доказ дека нацистите биле во контакт со вонземјанини.
Меѓутоа, руските археолозите тврдат дека остатоците немаат никаква врска со вонземјани туку дека станува збор за черепи од овнови кои водата и речните камења во толкава мера ги деформирале и исфрлиле на брегот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје


