Во Русија и во повеќе од 20 други земји ќе се одбележи втората годишнина од смртта на Алексеј Навални

Поддржувачите на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска ќе ја одбележат втората годишнина од неговата смрт, објави ДПА.
Навални, еден од најистакнатите критичари на рускиот претседател Владимир Путин, почина на 16 февруари 2024 година во казнена колонија во Арктичка Русија.
Неговиот тим, кој работи во егзил, соопшти дека се планирани комеморативни настани и во Русија и во повеќе од 20 други земји. Во Германија, настани ќе се одржат во десетици градови, вклучувајќи ги Берлин, Хамбург и Лајпциг, објави ДПА. Според неговите поддржувачи, Навални бил мачен и починал во затвор.
Во Москва, луѓето можат да положат цвеќе на неговиот гроб, но јавните собири во Русија се забранети.
Јулија Навални, го обвинува рускиот претседател Владимир Путин за убиство на нејзиниот сопруг. Германија, Шведска, Холандија, Франција и Велика Британија во саботата изјавија дека анализите на останките на опозицискиот лидер пронајдоа траги од моќниот токсин епибатидин.
„Русија тврди дека Навални починал од природна смрт. Сепак, со оглед на високата токсичност на епибатидинот и пријавените симптоми, труењето е многу веројатна причина за неговата смрт. Навални починал во казнена колонија, што значи дека руските власти имале средства, мотив и можност да му го дадат овој отров“, се вели во заедничкото соопштение, објавено на Минхенската безбедносна конференција.
Сè уште не е јасно како примероците од ткивата на Навални завршиле во западните лаборатории, забележува ДПА. Меѓународната организација за човекови права Амнести Интернешнал повика на истрага за околностите околу неговата смрт.
МИА
Ново на Сител
-

Белорусија тврди дека нуклеарните вежби со Русија не се насочени против никого
-

Усвоени законски измени за полиција, внатрешни работи и радиодифузија во Собранието
-

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии
-

Вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени шест лица
-

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Советот на Европа: Македонските затвори умерено пренатрупани, земјата меѓу водечките по должина на изречените казни
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
