-->
-->
Во Русија 6.400 нови случаи на коронавирус, вкупно 753.000
-->
Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 6.428 нови случаи на заразени со коронавирус, соопшти Кризниот центар на земјата.
Според Центарот, дневното зголемување на бројот на пациенти во последните десет дена не ја надминало стапката од 0,9 проценти.
Бројот на заразени лица најмногу се зголеми во Москва и Московскиот регион.
До денеска, речиси 753.000 луѓе се заразени во Русија.
Во последните 24 часа закрепнале 8.443 лица, а вкупно повеќе од половина милион руски граѓани се излекувале од коронавирусот.
Според податоците на Кризниот центар, повеќе од 70 отсто од пациентите се излекувани.
Во последните 24 часа во Русија починаа уште 167 лица, со што бројот на починати од Ковид-19 достигна 11.937.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка
-
Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ