-->
-->
Во Романија досега околу 10.000 лица заболени од морбили
-->
Бројот на заболени од морбили во Романија постојано расте, така што за последните пет дена се регистрирани нови 46 случаи. Досега се регистрирани околу 10.000 заболени.
Националниот центар за набљудување и контрола на заразни болести соопшти дека вкупниот број заболени во Романија е 9.946 лица, од кои околу 9.500 се невакцинирани. Старосната граница најмногу ги опфаќа децата од една до четири години.
Според Центарот, најмногу нови случаи се регистрирани во главниот град.
Според статистичките податоци, еден од четворица заболени се хоспитализира, а смртните случаи се бележат на еден спрема илјада.
Вакцината против морбили е за заштита на децата од болеста. Во Романија девет од десет родители ги вакцинираат децата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра