Македонија
2. December 2015 - 13:50

Во Ресен засадени 10.000 дрвца питом костен и црн бор

Под мотото „Засади успех“ денеска во преспанското село Сливница беа засадени околу 10.000 дрвца питом костен и црн бор, во рамки на 16. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски информира дека биле раззеленети два хектари површина во близина на црквата „Свети Димитрија“ во атарот на селото Сливница.

-  Акцијата беше масовна. Учествуваа неколку стотини граѓани, претставници на локалната самоуправа, институциите и јавното претпријатие „Македонски шуми“, подружница „Преспадрво“ – Ресен, ученици од основните и средното училиште..., изјави Стрезовски.

Во изминатите два дена Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ засади 300 декоративни садници на повеќе локации во Ресен со што ја најави есенската акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.