Македонија
26. September 2015 - 16:58

Во Ресен почна манифестацијата "Преспански јаболкобер 2015"

Со свечен прием кај градоначалникот на Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски на гостите- фолклористи од Србија и Бугарија, како и со нивниот настап на отворената сцена во центарот на градот, синоќа во Ресен започна тридневната традиционала манифестација “Преспански јаболкобер 2015”.Органзаторите и оваа година, очекуваат успешно промовирање на преспанскиот регион не само во земјава, туку и многу пошироко. 

Според програмата, на денешениот втор ден од тридневната манифестација во употреба ќе бидат пуштени неколку новоизградени локални улици, а ќе биде поставена и изложба на современа македонска керамика од фондот на ресенската керамичка колонија.

Исто така за прв пат, ке биде организирана и он лине симулацијата во вид на игра за агроеколошко производство на јаболка како дел од проектот за Заштита на преспанското езеро и каде 10 фармери на 10 лаптопи ќе ја започнат играта во присуство на високи личности од УНДП и од факултетот ФИНКИ.  

Утре, пак, на  празникот “Крстовден”, традиционално, со откинувањето на првото јаболко, ке биде означен и стартот на годинашната берба на јаболката во овој регион, која се очекува да биде богата и со одличен квалитет.