Во рација полицијата убиени 15 лица, меѓу кои и градоначалник
Филипинската полиција, на југот на земјата, спроведе рација, а во судирите кои потоа избија загинаа 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Озамис.
Според претседателот на Филипини Родриго Дутерто, овој градоначалник бил вмешан во нарко-бизнисот.
Полицајци поче да достават налог за претрес на на куќата на градоначалникот Рејналд паројиного, под сомнение дека крие оруже за кое нема дозвола, по што, кон нив бил отворен оган.
- Во престрелката загина градоначалникот и најмалку 14 други лица, изјави шефот на полицијата во Озамис Хови Еспенидо.
- Тој е цел од голема важност во истрагата за дрога. Ние го спроведуваме законот за да ги заштитиме луѓето кои сакаат мир во оваа земја. Како можеме да го спроведуваме законот за се плашиме од дилери? Тоа не може така, би требало тие да се плашат од луѓето кои прават добро за сите други, изјави Еспенидо, пренесува Танјуг.
Во рацијата загина и сопругата на градоначалникот, а неговата ќерка е приведена. Западни меидуми наведуваат дека еден од неговите телохрантили активирал граната во куќата, па засега не е познато дали градоначалникот и неговата сопруга загинале од гранатата или во престрелка со полицијата.
Ново на Сител
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка