Во пукањето во ноќниот клуб во Литл Рок ранети и повредени 28 лица

Полицијата на Литл Рок, главниот град на американската сојузна држава Арканзас, соопшти дека во пукањето од огнено оружје во ноќниот клуб се ранети 25, а уште три лица се повредени, пренесоа американските медиуми.
„Се очекува сите да преживеат“, наведува полицијата во соопштение.
Полицијата преку Твитер претходно наведе дека пуќањето се случило рано утринава по локално време во ноќниот клуб „Пауер лаунџ“,по кавга која избила во текот на концертот што таму се оддржувал.
Полицијата наведува дека „не верува дека станува збор за активен напаѓач, нити за инцидент поврзан со тероризмот“.
Сопственикот на ноќниот клуб, Дерил Ренкин, на интернет постирал видео снимка од преполниот простор во кој настапувал реперот Финес 2Тајмс, каде пукањето почнало кога музичарот направил пауза и за 11 секунди биле испукани 24 куршуми.
Некои од жртвите се повредени кога публиката почнала да бега заради пукањето и газела се пред себе.
Полицијата засега не ги објави имињата на ранетите и повредените, ниту даде било какви информации за осомничен или осомничени.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
