Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности

Во периодот јануари - март годинава во државава запишани се 2 472 хипотеки врз недвижностите со вкупна вредност од 246.365.356 евра и 5.923.616.828 денари.
Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во јануари се запишани 619 хипотеки, во февруари 849, а во март 1004.
Во Центарот за катастар на недвижности Скопје во првиот квартал годинава се запишани 1318 хипотеки во вредност од 125 707 841 евра и 3 217 079 946 денари. Во истиот период, во 29-те подрачни одделенија на Катастарот се запишани 1154 хипотеки со вредност од 256 364 356 евра и 5 923 616 828 денари.
Вкупниот број на хипотеки на недвижности во првиот квартал годинава е помал за 124 во однос на првиот квартал од 2025 година кога нивниот број изнесува 2.596, а биле со вкупна вредност од 384.969.557 евра и 4.929.828.022 денари. Намалувањето на бројот на хипотеки во однос на претходниот квартал, односно периодот октомври - декември 2025 година, изнесува 588. Во последниот квартал лани се запишани 3060 хипотеки со вкупна вредност од 511.397.387 евра и
8 401.072.019 денари.
Во регистарот на цени и закупнини во првите три месеци од годинава регистрирани се 712 новоизградени стана, односно станови од инвеститор, што е за 292 стана или 29 проценти помалку во споредба со четвртиот квартал од минатата година. Во Агенцијата за катастар на недвижностите досега се запишани 28.013 листа за предбележување градба, што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и набргу ќе се најдат на пазарот на недвижности.
Ново на Сител
-

Експлозија во терминал за извоз на природен гас во Катар, повредени се 54 лица, 18 се водат како исчезнати
-

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час
-

Премиерот Мицкоски на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите
-

Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје
-

Германскиот министер за одбрана го обвини Трамп дека е одгоорен за затворање на Ормсуката Теснина
-

Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
