Во Пробиштип завршува реконструкцијата на една од најфреквентните улици
Заврши реконструкција на улицата „Тодор Александров“ во населбата „Карпош“, која е една од најфреквентните во градот Пробиштип. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска информираше дека поради честите дефекти за застарената водоводна мрежа оваа улица беше оштетена, поради што и како локална власт морале да ја реконструираат.
- Со оваа реконструкција опфатено е комплетно поставување нова водоводна мрежа, улично осветлување, тротоари, како и поставување нов асфалт. Целиот овој проект чини околу седум милиони денари, а наредната недела градежната фирма ќе го постави и новиот асфалтен слој, вели Тоневски.
Во близина на улицата „Тодор Александров“ заврши и изградбата на детското игралиште со мини парк. Тоневски соопшти дека според планот и програмата на општината планираните улици за реконструкција во најголем дел се реализирани, а наредната недела очекува да почне и реконструкцијата на улицата „11 Октомври“.
-Тоа е еден проект кој што е добиен како донација од европските фондови од ИПА компонентата, а кој ќе се реализира во координација на Светска банка во Репблика Македонија. Веднаш по нивното одобрување ќе склучиме договор со изведувачот, каде што тендерската постапка е целосно завршена, рече Тоневски.
Со реконструкцијата на оваа улица завршуваат и планираните инвестиции во инфраструктурните објекти во Општина Пробиштип, која веќе прави нова програма за работа за 2017 година.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев