Бизнис
5. July 2019 - 8:39

Во Пробиштип почнува изградбата на зграда за социјално ранливи категории на граѓани

Во Пробиштип денеска ќе биде означен почетокот на изградба на станбена зграда наменета за социјално ранливи категории на граѓани.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски на настанот ќе присуствуваат министерот Горан Сугарески и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, Кристијан Трајковски.