Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
Во пресрет на неделата на имунизација, во Прилеп во тек се акциите за теренска имунизација низ градот и населените места во регионот и за подигнувањето на свеста од потребата за вакцинација на децата како најсигурна заштита од заразни заболувања и болести. Акцијата ја спроведуваат екипите од Диспанзерот за вакцинации при прилепскиот Здравствен дом. Се работеше во населбата Тризла, каде живее ромското население, а акции ќе има во Долненско и други населени места.
Генерално во Прилеп процентот за вакцинирани е преку 90 отсто, меѓу ромското население е околу 70 проценти.
-Потребни се овие акции, а и почесто присуство во населбата Тризла. Но има проблеми поради несоодветни адреси или непристапност, вели медицинската сестра Јасмина Талеска при теренската акција во населбата Тризла.
Се јавуваат проблеми и поради тоа што дел од децата не одат на училиште или не се во системот.
-Со оддалечените населени места немаме некои посебни проблеми. Комуницираме телефонски со жителите. Проблемот претежно е во ромски населби, бидејќи немаме пристап до тие деца, адресите не се соодветни, а ние немаме курирска служба за да ги пронајдеме. Ни помагаат и невладините организации, да ги пронајдеме преку здравствен медијатор, а има деца кои немаат никаква документација, не се вклучени во образовниот систем и тие се оние кои треба да ги пронајдеме, вели д-р Верица Какараскоска Петреска, педијатар во диспанзерот за вакцинации при Здравствениот дом во Прилеп.
Ќе се спроведат 12 теренски акции во Прилепско. Почнаа од 15 април и продолжуваат и во наредните две недели.
Во Прилепскиот регион досега се регистрирани два случаи на голема кашлица кај петмесечни бебиња и тоа со добиена прва доза вакцина. Првиот од селото Дебреште, вториот од населеното место Житоше, Долненско. Тие се во добра состојба. Епидемиолозите очекуваат изолирани случаи, но не и разнишана епидемиолошката состојба. Генерално, во Прилеп процентот на имунизација е преку 90 отсто.
Ново на Сител
-
Претставување на невестата и зетот на годинашната Галичка свадба
-
Сончево и многу топло, температурата до 40 степени
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица