Во Прилепско проодни сите патни правци
Магистралните и регионалните патишта во Прилепско со превојот Плетвар се проодни како и кон селата во регионот, а проодни се и улиците во градот и сообраќајот се одвива во зимски услови, информираат денеска Гоце Стефаноски, раководител на подружницата на „Македонија пат“ во Прилеп и Бранко Нешкоски, директор на ЈП за урбанистичко планирање.
Според Стефаноски Плетвар е прооден за сите видови возила. Превентивно на сила е забраната за тешки товарни возила, но за оние без соодветна зимска опрема.
- Од синоќа има нови снежни врнежи на превојот Плевар. Се работеше интензивно на расчисување со три возила. Сообраќајот е прооден за возила со зимска опрема, освен за тешките товарни возила, и тоа оние кои немаат зимска опрема. За сите кои имаат зимска опрема сите патишта во прилепско се проодни. Станува збор за 350 километри патна мрежа и тоа за преминот Барбарас, патот кон Крушево, превојот Плетвар, патот за Мариово, магистралниот кај Тополчани за Битола, патот кон клисурите кај Фариш. Има остатоци од снег на коловозот, сообраќајот се одвива во зимски услови и им препорачуваме на возилата да не тргнуваат на пат без зимска опрема, изјави Стефаноски.
Од секцијата на „Македонија пат“ денеска очекуваат нов дотур на ризла и сол.
- За овие неколку дена се потрошени над 300 метри кубни абразивен материјал. Во резерви имаме уште 150 метри кубни ризла и околу и уште 70 тони сол, а во текот на денот ќе има дотур на нови количества ризла и сол. За да биде состојбата уште подобра ни требаат понови возила со механизација за да може да се интервенира побрзо, рече Стефаноски.
Според Бранко Нешкоски, раководител на ЈП за урбанистичко планирање, од 5 јануари кога екипите по првиот снег излегоа на терен да ги расчистуваат улиците во Прилеп се потрошени 400 метри кубни ризла и околу 130 тони сол.
- Посипани се улиците од првиот приоритет во должина од 42 километри и улиците од втор степен во должина од 17 километри, така што „крвотокот“ на градот функционира, но во отежнати, зимски услови. Не се изоставени, ниту населените места. Реагирано е по пријава на жителите. Комплетно се проодни патиштата во Тројачкиот регион, проодно е кон селата Тополчани, Тројкрсти, Чепигово, прооден е патот кон канатларци, Подмол и Ерековци. проодно е кон Селце, па кон Оревоец и Крстец, па кон Лагово, Беровци, Галичани, кон Големо и Мало Коњари. Значи, проодно е кон сите населени места каде има жители. Сега се пуштаат екипите и во Мариовскиот регион, рече Нешкоски.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството