Во Прилепско алармантно со полски и шумски пожари, да се преземат ригорозни мерки
Со 60-ина пожари за неколку дена, алармантна е ситуацијата со полските и со шумските пожари во Прилепско, порачуваат од прилепската Противпожарна единица и од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Македонски шуми“. Надлежните упатуваат дека мора да се преземаат сериозни мерки против палењето стрништа и подметнувањата пожари.
Виктор Стојчески, командир на Противпожарната единица од Прилеп вели дека не може да се стигне на сите места иако со натчовечки напори се прави тоа.
-Во просек дневно последниве денови има преку 20 пожари. Се справивме со сите пожари, со натчовечки сили и напори и со оние ресурси кои што ги имаме. Потребна е набавка на возила, посебно за на терен, за справување со шумските пожари. Нашите ресурси се ограничени. Деновиве најмногу шумски пожари имаше во реонот на селото Зрзе и на селото Стровија, па потоа во селата Слепче, Кошино, Радобил, Царевиќ, вчера кај Дервен, односно во речиси целиот Пелагониски регион. Овој тип на пожари во овој период од годината е несфатлив, рече Стојчески.
Влатко Велески, раководител на прилепски „Црн Бор“, подружница на ЈП „Македонски шуми“ се согласува дека ситуацијата е алармантна и дека пожарите во шумите воглавно се пренесуваат со палењето стрништа.
-Мора нешто да се преземе, посебно во контролата на овие палења на стрништата и на ливадите. Институциите треба да ги откриваат сторителите и да се преземаат санкции, зашто се прави ненадоместлива штета. Казнувањето е неблагодарно, но мора да се добие поука да не се уништува шумското богатство, нагласи Велески.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови