-->
-->
Во Прилеп утре почнува првиот меѓународен „Macedonian trophy“ со џипови
-->
На првото македонско трофи рели (Маcedonian trophy) со џипови што ќе се одржува во Прилеп утре и в недела, ќе учествуваат преку 120 учесници од Србија, Бугарија, Холандија и од Македонија, беше соопштено на денешната прес-конференција на „OFF ROAD PRILEP“ клубот, организатор на првиот македонски рели-крос.
Според Панчо Чупаркоски, од клубот „ОFF ROAD“ посебно е задоволство што на овој начин се афирмираат Македонија и Прилеп во овој адреналински спорт.
- Попладнево веќе пристигнуваат 40-ината учесници од Бугарија, 10 те од Србија, учесниците од Холандија и 60-ина од Македонија. Трките започнуваат утре, по 10 часот со старт од месноста Заполшки мост на излезот од Прилеп, преку месноста Шаторов камен па до селото Селце. Струќно жири ќе ги следи натпреварувачите и ќе ги програси најдобрите и најуспешните, доделувајќи прво, второ и трето место. В недела ќе се вози на мото-крој полигонот кај Старо Лагово. Прилеп изобилува со терени за ваков вид натпреварувања кои се познати во другите земји, а кај нас се нешто ново, необично и привлекуваат големо внимание, вели Чупаркоски.
За градоначалникот Марјан Ристески, битно е што посетителите ќе уживаат во овој спорт и ќе бидат сведоци на создавање уште една традиција на меѓународно натпреварување.
- Посебна гордост за прилеп е што е домаќин на првото македонско трофи натпреварување со џипови. Тоа го потврдува градот како центар не само во Македонија, туку и на Балканот, па и во европски рамки, за екстремните спортови. Со мото-крос натпреварувањата кои по четврти пат ќе се одржат в недела на полигонот кај Старо Лагово, со параглајдерството и болдерингот, сега почнуваат и нови меѓународни натпреварувања со џипови. Патеката кај Старо Лагово ги обезбедува стандардите за мото-натпреварувања, а инфраструктурно уште и ќе се надградува. Во секој случај, овој викенд, ако кон ова се додадат и натпреварувањата во „Скејт паркот“ утре попладне, дефинитивно е викенд на екстремни спортови кои ќе се одржуваат во Прилеп, рече Ристески.
Прилепскиот клуб „OFF ROAD“ од годинава ќе изгради традиција на одржување на „MacedonianTrophy“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД