-->
-->
Во Прилеп се одржува „Пивофест“
-->

Отворањето и првата вечер од 15-от „Пивофест“ во Прилеп поминаа во добро расположение со многу гости и без никаков инцидент, соопштија организаторите на Фестивалот, прилепската локална самоуправа и невладината организација Центар за граѓанска иницијатива на денешната пладневна прес конференција во киното „Мис Стон“.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески кој синоќа го прогласи за отворен Фестивалот и им посака добро расположение и убава забава на сите гости нагласи дека весело и посетено поминала првата фестивалска вечер.
- Синоќа имаше убава атмосфера, сите верувам уживаа во настапите на музичките гости кои направија одлична атмосфера. Очекуваме вечер, односно овие три фестивалски дена уште поголем број гости од цела Македонија и од регионот, рече Ристески.
Според Талија Петреска од Центарот за граѓанска иницијатива првиот фестивалски ден помина без инциденти.
- Најбитно е што атмосферата беше весела и немаше ниту еден инцидент, рече Петреска.
Водителот на Фестивалот Маријана Станојковска го претстави еден од специјаните гости вечер на „Пивофест“, пејачот Ален Исламовиќ.
-Повеќе генерации се сеќаваат на големите хитови што ги испеа Исламовиќ со „Бело дугме“ со „Дивље јагоде“. Па верувам посетителите веќер ќе уживаат во фестивалската атмосфера, рече Станојковска.
Пејачот Исламовиќ вети дека ќе се потруди да има добро расположение на фестивалот со старите, но и нови хитови и познати песни.
Синоќа на Фестивалот настапија македонската група „Eye Que“, групата „Психомодо Поп“, а вечерта ја затвори „Амадеус бенд“. вечер на програмата се настапите на „Don Minott& Conquering Lion“,„Нокаут“ и на Ален Исламовиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СЗО: Ситуацијата е под контрола, нема индиции за ширење на хантавирусот
-

ДИК донесе одлука за детализирање задачи на експерти за одржување и заштита на интегрираниот систем за биометриска идентификација
-

Ѓорѓиевски: Рекордна реализација на капитални инвестиции во првиот квартал на 2026 година
-

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал
-

Запрена постапката за набавката на мазут
-

Тешка несреќа во „Survivor“ Грција: Натпреварувач остана без нога, шоуто прекинато
-

Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско
-

Спречено мафијашко убиство во Скопје: Уапсен Србин кој подготвувал ликвидација
