Македонија
22. February 2017 - 21:00

Во Прилеп привршуваат подготовките за 16-тото издание на Меѓународниот карневал Прочка 2017

Со учество на преку 1.000 учесници и маски од повеќе балкански и евроспки земји, овој викенд во Прилеп ќе се одржи 16-тото издание на Мегународниот карневал “Прочка 2017”. Градот под Марковите Кули е подготвен за манифестацијата која Прилеп го стави на светската мапа на градови со развиен фестивалски и културен туризам.Годинава, Карневалот ке биде збогатен и со нови содржини преку Меѓународната етнолошка конференција во соработка со Институтот за старословенска култура. 

Годинашниот Карневал “Прочка 2017”, традиционално заваршува в понеделник, со заедничкиот ручек во организација на прилепските касапи, каде се служи познатиот “посен касапаски бел грав”, кој според рецептурата - да се вари без вода, е уникатен специјалитет на Балканот.