Во Прилеп поднесени 1.315 барања за обештетување од јулското невреме
До крајниот рок 3 август до прилепската комисија се поднесени 1.315 барања за обештетување на земјоделците кои беа погодени од невремето, што на 23 јули што го зафати Прилепско.
Според Жарко Северкоски, претседател на општинската комисија за елементарни непогоди, невремето уништило род на околу 600 хектари и сега трите стручни комисии треба да прават проценка, извештај и елаборат во рок од 30 дена.
- Со невремето од 23 јули се погодени главно реоните на Мало и Големо Коњари и населбата Варош. До крајниот рок, 3 август се поднесени 1.315 барања за обештетување. Главно се уништени родот на тутунот, насадите на пиперки, пченка и други култури на околу 600 хектари. Сега трите стручни комисии во рок од 30 дена треба да извршат процена, да направт извештај и елаборат кои ќе бидат поднесени до советот на општина Пирлеп и до второстепената владина комисија за процена на штетите, вели Северкоски.
Прилепскиот совет, најавува претседателот на советот Миле Талески кога ќе го добие извештајот ќе пренамени средства за обештетување на земјоделците.
- Кога ќе стигне елаборатот за процена на штетите, советот на општина Прилеп, на барање на градоначалникот Илија Јованоски ќе донесе одлука за пренамена на средства за обештетување на погодените земјоделци од невремето, изјави Талески.
Прилепско Мало Коњари е едно од најпогодените во невремето и на 9 и на 23 јули.
- Имав шест декари со тутун. Главно годишно вадам род од два тона и штетите се околу 10.000 евра. Сега нема ниошто, евентуално ако потераат стебленцата, ама не се надеваме. Пријавив до комисијата, но што да се очекува кога родот не е ниту осигуран, бидејќи осигурителните компании тешко се решаваат на обештетување. Сега за семејството да има што да работи на подарок од роднини добивме тутун да го сработиме за да не биде годината без ништо, вели Софроние Мишески, тутунар од Мало Коњари.
Земјоделците се надеваат дека ќе добијат надомест за штетите.
- Имав тутун на 12 декари. Сега нема ништо. Досега не сум добил никакво обештетување, но се надевам дека нешто ќе се направи за да бидеме обештетени, вели Љубен Мишески од прилепско Мало Коњари.
Извешаите и елаборатот за штетите од јулското невреме треба да бидат готови во почетокот на септември.
Ново на Сител
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје
-
И кажале дека има биткоини вредни 900.000 ден. но мора да има пари на сметка, измама во Куманово
-
Снегот ја парализира Западна Европа: Илјадници заглавени камиони и милионски штети
-
48 годишен кумановец физички нападнат од сопругата
-
Туск: Војната во Украина станува драматична и реално се заканува да стане глобална
-
Четвртфинале во Лигата на нации: Холандија ја чека Шпанија, Данците одат на Португалија
-
Амал Клуни со битна улога во издавањето меѓународна потерница против Нетањаху
-
Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера