Во Прилеп почнува Пиво фест 2015
Во Прилеп денеска започнува Фестивалот на пивото - Пиво фест 2015.
Организаторите информираат дека се е подготвено за стартот на манифестацијата, која што годинава очекуваат да ја посетат над 350 илјади гости од земјава и странство.
- Прилеп веќе пулсира во ритамот на најлудата забава на овие простори. Прилепчани со нетрпение го очекуваат почетокот на овој спектакл. Се прават последните координативни состаноци за се да помине како што треба. Прилеп и оваа година ќе докаже дека е подготвен за организирање настани од европски калибар, велат организаторите.
На 20.000 метри квадратни се поставени 30-тина штандови. Хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. Поради подобра услуга продолжено е работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот, а за гостите кои ќе дојдат со возила на располагање се преку 20.000 паркинг места.
Ново на Сител
-
Заев: По повеќе од 10 години учениците од ОУ „Вера Јоциќ“ во населба Хиподром добија современа спортска сала
-
СДСМ: Создаваме услови за квалитетно образование како основа за развој и просперитет на секое дете и на општеството во целина
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пописот е политички што се гледа и во правото на вето доколку резултатите не испаднат како што се договорени
-
Седници на собраниските комисии за транспорт и екологија и за труд и социјална политика
-
Денеска е голем празник, се слави маченичката која им беше фрлена на лавовите
-
И мексиканскиот претседател Обрадор позитивен на коронавирусот
-
Во Словачка тестирани 1,3 милиони луѓе, 0,77 отсто позитивни
-
Делфреси се залага за повторно затворање на Франција