-->
-->
Во Прилеп отворена нова детска градинка
-->
Нова градинка со капацитет за згрижување на 60-ина деца од претшколска возраст беше пуштена во употреба денеска во Прилеп.
Станува збор за адаптиран простор во кругот на прилепскиот Работнички универзитет кој треба да ја ублажи состојбата со недостиг од капацитети за згрижување на деца од претшколска возраст, констатираа заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески при денешното пригодно отворање на градинката.
Ристески информира дека општината вложила еден и пол милион денари за адаптација на просторот и за инвентарот.
- Овој реконструиран објект многу ќе и помогне на општината за згрижување на децата од претшколска возраст во централното градско подрачје. Реализацијата ја чинеше општината 1,5 милион денари за инвентарот и градежните работи. Во соработка со Министерството за труд и социјална политика во континуитет ги прошируваме капацитетите. Лани во селото Тополчани отворивме градинка, за 100 деца се прошири капацитетот во постојната градинка во населбата Бончејца. Се надевам до крајот на оваа и почетокот на идната година уште 150 деца ќе бидат згрижени во претшколски институции зашто при крај е изградбата на објектите во населените места Беровци и Канатларци, а треба да биде отворена градинка и во Големо Коњари. Во меѓувреме ќе се вложат и 3 милиони денари во адаптација на простор за градинка во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп. На Прилеп му треба и градинка со голем капацитет и ќе се гради во населбата Точила со што треба да биде решен проблемот со сместување на децата од претшколска возраст, изјави Ристески.
Според дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов, ова е осма градинка во земјава што се отвора, а до крајот на годинава треба да бидат најмалку 15.
- Ова е прва инвестиција во Прилеп годинава, а наредниот период очекуваме да бидат отворени уште три градинки во соодветни просторни услови и еден Центар за ран детски развој. Сите овие капацитети треба да згрижат 200 деца. Овие инвестиции ќе влијаат за намалување на листите на чекање за згрижување деца во градинка. Министерството за труд и социјална политика досега отвори осум детски градинки, а до крајот на годинава очекуваме да се отворат 15 детски градинки, рече Спасов.
Продолжуваме со инвестиции, додаде тој, особено во населените места каде нема детски градинки, или треба да се прошират капацитетите.
- Министерството има буџет од 30 милиони денари кои ги инвестира и се реализираат заедно со општините кои и вложуваат дел средства. Истовремено се работи на обезбедување поволни финансиски средства, преку кредитни линии, како онаа преку Светската банка. на тој начин неколку општини ги обезбедија средствата и ќе градат детски градинки, рече Спасов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сончевo и топло до 36 степени
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 20 минути
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот