Во Прилеп отворена годишната изложба на ДЛУП
Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ синоќа членовите на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп ги претставија своите дела на традиционалната годишна изложба.
Пред домашната публика се претставија уметниците Бојана Артиновска Трпческа, Василка Боцеска, Давид Атанасоски, Катерина Деспот, Миле Брцески, Ферди Булут, Драган Верговски – Алпи, Викторија Димеска, Емил Димоски, Павлинче Илијеска, Кристијан Јованоски, Методија Јорданоски, Васил Костов, Христина Мазнеска, Лепа Милошевска, Драган Михајловски, Верче Николоска, Михајло Ристески, Емил Солески, Наде Тоскоска и Александар Џинго.
Изложбата ја отвори Ивана Атанасоска, етнолог и антрополог, која потсети дека 2018 година е плодна за Друштвото на ликовни уметници од Прилеп.
– Годишната изложба на членовите на ДЛУП е заокружување на оваа година во која уметниците имаа повеќе самостојни и групни изложби и може да се каже дека ова е плодна година за уметничкото творештво, рече Атанасоска.
На отворањето на изложбата се обрати и почесниот член на ДЛУП, Викторија Димеска, историчар по уметност.
Ново на Сител
-
Бугарско МЗ: Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна
-
Семејно насилство во Струга, сопругот и свекорот приведени во полиција
-
16 лица добија притвор за пожарот во Кочани
-
Во израелските напади во Газа 413 загинати, меѓу нив и високи претставници на Хамас
-
Српски медиуми: Додека во Србија со месеци се чека, во Македонија веднаш се реагира и се апси
-
Погребот на загинатите во трагедијата во Кочани ќе биде во четврток
-
Мирен собир во Прилеп „Бараме одговори и одговорност“
-
Во близина на дискотеката во Кочани имало склад за нафта наменет за друг објект