Во Прилеп мирен протест на Роми
Жители од прилепската населба Тризла со мирен протестен марш од населбата до градскиот базен денеска, од 12 до 14 часот го изразуваат, како што велат револтот поради дискриминација зашто пред три дена група Роми не биле пуштени да ги користат услугите на Градскиот базен. Најавуваат претставка до комисијата за спречување на корупцијата и судски случај.
Серхан Џафероски кој бил во групата на која не им било дозволено да ги користат услугите на Градскиот базен на 24 јуни, вели дека се чувствува дискриминирано.
– Во четвртокот на 24 појдовме група и сакавме да влеземе на Градскиот базен на „Маркови кули“ на влезот за да извадиме билети, вработената ни рече дека не може да влеземе, наредено им било од сопственикот да не пуштаат група Роми. Но потоа, двајца граѓани од македонска националност си извадија билет и ги пропуштија. Застанавме на вратата и рековме дека е дискриминација штом не може Ромите да влезат, не може никој друг. И ние сме граѓани, не од втор ред, на Република Македонија и го имаме тоа право, вели Џафероски. Џафероски вели дека наредниот ден сопственикот им се јавил им понудил бесплатно да го користат услугите на Градскиот базен.
Ерсан Бајрамоски вели дека целта на мирниот протест е да го искажат револтот од дискриминација.
– Целта на овој мирен протест со марш од населбата Тризла до Градскиот базен е за да го искажеме револтот зашто сме дискриминирани од сопственикот на објектот. Сметаме дека ние, Ромите, сме дискриминирани. Порачуваме дека не сме граѓани од втор ред. Ќе следува и правна постапка за случајот, рече Бајрамоски.
Инаку, на денот на инцидентот сопственикот на спортско-рекреативниот центар „Маркови кули“ Борис Темоски ги отфрли сите инсинуации за дискриминација и нагласи дека станува збор за почитување на мерките и прописите, посебно во време на пандемија, за користење на Градскиот базен.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
