Во Прилеп две лица повредени при пукање со огнено оружје
Две лица се повредени при случај со пукање од огнено оружје во угостителски објект во Прилеп. На двете лица им е укажана медицинска помош во Прилепската болница, а полицијата трага по сторителите.
Како што информираат од МВР, рано утринава околу три часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.
-Прилепски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати две лица, едното со иницијали М.М.(43) од Прилеп и вториот со иницијали О.И.(28) од селото Лажани, Прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се уште се трага по сторителите за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.
Ново на Сител
-
Груби преку социјалните мрежи појасни дека е Косово во приватна посета
-
Синоќа полициска акција на неколку локации низ државата
-
Премиерот Мицкоски на средба со Советот на странски инвеститори
-
Предлог-законот за унгарскиот заем пред пратениците
-
Вучиќ: Ќе имаме разговори за санкции против НИС и со Американците и со Русите
-
Во Брисел состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ
-
Утрото студено и магливо, преку денот сончево
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози