Loading Video...
Свет
16. August 2022 - 19:47

Во претресот кај Трамп пронајдени компромитирачки информации за Макрон

За време на неодаменшната рација во домот на Трамп во Флорида, ФБИ пронашле компромитирачки информации за францускиот претседател Макрон, објави Фокс Њуз.

Не е јасно зошто вакво досие би се наоѓало во домот на Трамп коментира телeвизијата. Во меѓувреме американското министерство за правда соопшти дека нема да објави детали од налогот кој беше искористен за претрес на имотот на поранешниот американски претседател, за да како што соопштија обвинителите да не и се наштети на истрагата за тоа дали има злоупотреби со владините досеја кога Трамп ја напуштил претседателската функција. 

Министесртвоото само соопшти дека единаесет комплети доверливи датотеки се пронајдени на имотот на Трамп.