Во прекин железничкиот товарен сообраќај
Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07:30 часот утринава, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево МЖ Транспорт ад Скопје.
Како што информираат, изутрина со почеток во 07:30 часот, група вработени од машинскиот и извршен персонал во МЖ Транспорт АД Скопје, еднострано и ненајавено, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски.
- Со оглед на тоа дека во текот на денот кон оваа група се приклучи и друга група од машинскиот и извршен персонал, МЖ Транспорт АД Скопје ја известува јавноста дека железничкиот товарен сообраќај е во целосен прекин од 07:30 часот утринава, а железничкиот патнички сообраќај од станица Скопје Патничка ќе се одвива само до крајот на денешниот ден, т.е. до 24:00 часот. Сите возови кои во текот на денешниот ден ќе тргнат од станица Скопје Патничка, ќе бидат вратени во текот на утрешниот ден, согласно важечкиот возен ред. За секоја промена на ситуацијата, благовремено ќе ја известиме јавноста, се вели во соопштението од МЖ Транспорт ад Скопје.
Претставници на машинскиот персонал велат дека причина за прекинот е неисплатениот втор дел од платата за октомври. Посочуваат дека не се организирани од синдикалните организации и оти засега немаат назначено претставник за официјални изјави.
Од МЖ Транспорт АД-Скопје им се извинуваат на сите патници и коминтенти и истакнуваат дека нивниот менаџерски тим ќе работи на што побрзо нормализирање на железничкиот сообраќај.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот