Во прекин товарниот и патничкиот железнички сообраќај
Домашниот товарен и патнички сообраќај од изутринава е комплетно блокиран поради протестот на машинскиот персонал во Македонски железници Транспорт ад Скопје. Пропуштен е само експресниот воз Белград-Скопје-Солун.

Протестот, што почна вчера со редуцирање на сообраќајот, според машинскиот персонал ќе продолжи до исполнување на барањата за кои вчера не беше постигнат договор со менаџерскиот тим.
- Блокадата ќе продолжи до исполнување на нашите барања за зголемување на коефициентот на сложеност на работни места, исплата на вториот дел од априлската плата и писмена гаранција дека до крај на јуни ќе се исплати мајската плата. Законот за исплата на плата треба да се почитува во целост како и за сите во државата, изјави за МИА Душко Чакаровски.
Како што најави Чакаровски, претставниците на машинскиот персонал претпладне повторно ќе имаат средба со в.д директорот на МЖ Транспорт ад Скопје Игор Коруноски.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на вчерашната средба со Синдикатот на машинскиот персонал и раководството на МЖ Транспорт ад Скопје најавил дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за решавање на ситуацијата во Железницата како и за долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Македонија, соопшти ресорното Министерство.
Дел од вработените во Македонски железниците протестираа и пред три месеци, кога со двонеделен прекин на железничкиот сообраќај бараа редовна исплата на платите.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
